
Се очекуваат нови амнестии за „крвавиот четврток“
Во текот на денешниот ден се очекува кривичниот совет да одлучи за другите барања за амнестија кои се поднесени до судот за упадот во Собранието на 27-ми април.
Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети што вчера добија амнестија за крвавиот четврток. Амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, како и за обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски.
Од Јавното обвинителство информираа дека до вчера пристигнале 66 барања за амнестија, од кои за 12 биле дадени позитивни мислења. За оние обвинети кои барале амнестија, а ќе добијат негативни решенија, имаат право да поднесат жалба во рок од три дена.