
Владата сама одлучила втори јануари да биде неработен ден за администрацијата
Доколку сакате да завршите некоја работа во државна институција тоа нема да можете да го направите на втори јанури. Владата на вчерашната седница донесе одлука втори јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака тоа да биде прифатено и од приватниот сектор.
Одлуката за втори јануари да биде неработен ден не е во согласност со Zаконот за празници. Според овој закон, во 2019 сите граѓани на Македонија ќе имаат 11 неработни денови, припадниците на правослкавната вероисповест ќе имаат и дополнителни пет неработни дена, на католичката три, а граѓаните од муслиманска вероисповест ќе имаат еден дополнителен неработен ден. А по еден неработен ден во годината имаат и припадниците на одредени етнички заедници кои живеат во Македонија.
Од Владата велат дека одлуката е донесена по ничие барање, туку само со одлука на Влада со цел да се врати претходната традиција овој ден да биде неработен и идејата е тој да биде вметнат во законот за празници.
Прогласувањето на втори јануари како неработен ден доаѓа по 12 години, кога тогашната Влада, во 2007-ма го прогласи вториот ден од годината за работен ден.
Јордан Дуков