Македонија Еднородителските семејства на работ на сиромаштија
Од 156 анкетирани едно рдителски семејства, повеќе од 90 живеат на работ на сиромаштија. Ова го покажало истражувањето на невладината “Една може”. На иницијатива на оваа невладина, денеска во Собранието на Македонија се одржа јавна расправа на комисијата за родова еднаквост каде што беа акцентирани проблемите со кои се соочуваат овој тип на семејства.
Родова дискриминација, отежнат пристап на пазарот на труд, родово и семејно насилство, предрасуди и стререотипи поврзани со мајчинството се само дел од проблемите со кои се соочуваат еднородителските семјства. Дороти Пачкова од невладината “Една може”, која и самата е самохран родител, недостатокот на соодветни законски регулативи со кои се регулираат правата на едно родителските семејства го истакна како еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат тие.
А измените на законот, на денешната расправа ги потврди и претставникот на министерството за труд и социјала Софија Спасовска. Една од измените е и периодот кога ќе примаат парична помош самохраните родители, од 3 на 7 годишна возраст на децата. Со новите измени треба да биде и изменета дефиницијата на семејство во законот за семејство.
Во Македонија, над 80 проценти од еднородителските семјства се предводени од самохрани мајки. Податоците на државниот завод за статистика покажуваат пораст на бројот на разводи. Само на територијата на град Скопје во 2016 година имало 12.011 семејства на самохран родител со деца.
Јордан Дуков



