
Откако го посетија Груевски во Будимпшета, сега редовно доаѓаат на работа во Царина
По Александар Трајковски, Царинската управа си препозна уште еден вработен којшто го посетил Груевски. На видеото од унгарските медиуми во ресторан друштво на бегалецот Никола Груевски му прави цариснски работник вработен во Секторот за контрола и истраги. Зел два дена од годишен одмор и еден ден боледување и заминал за Будимпешта, а сега двајцата ги чешла внатрешната контрола на царината.
Танасовски се воздржа и не го откри идентитот, но затоа рече дека против ова лице од претходно се води судска постапка. Не знае дали ја користел царинската легитмиција на патувањето во Будимпешта, иако тоа е забрането.
Лекарска комисија на Фондот за здравство проверува дали Александар Трајковски, исто вработен во Царинската управа, правилно го отворил и затворил петдневното боледување. Откако се појави фотгорафија од Будимпшета како заедно минуваат на семафор со Груевски, Трајковски обвинет во процесот на СЈО за шлаканиците во Центар рече дека отпатувал за да ги бара лек за синусите и проблемите со дишењето кои овде ги лечел со години. Неговата дијганоза ја погледна и обвинителката Фатиме Фетаи, која наредното рочиште ќе соопшти дали е во ред или пак ќе бара мерка за обезбедување за Трајковски кој како слободен човек заминал за Будимпешта.
Јавното обвнителство кое го истражува бегството на Груевски најави, но сеуште не го повикала Трајковски за евентуална вмешаност. Обвинителството ги прегледува снимките од безбедностите камери од Црна Гора, ги чека оние од Албанија, а како што најавија пред две недели уште два дена преостануваат на јавноста да и ги соопшти првичните детали од истрагата. Ставот на МВР и до денеска е дека минситерството не е виновно за бегството, туку целиот систем од институции.
Павле Беловски