Европските квоти за челикот и алуминиумот ќе ги затворат македонските фабрики

Квотите за извоз на челик и алуминиум што ги воведе ЕУ , ќе ги затвори македонските фабрики а илјадници работници ќе бидат испратени на принуден одмор. Поради времените мерки кои важат до февруари , клуч на врата ќе стават трите фабрики за производство на цевки а мерките со кои во следните три години се ограничуваат количините на челик и железо од Макеоднија,во тешка состојба ќе го стават и Макстил. Од таму се жалат дека можностите за пласман им се ограничени, а во прашање се доведуваат и планираните инвестициски вложувања

Според вербалната нота од Европската комисија откако ќе се исполнат квотите за увоз на челик и алуминум , царината ќе се зголеми за 25% што ќе ја намали конкурентноста на македонските фирми. Европа остана глува на обидите на владата да ги убеди претседателот на комисијата Јункер и комесаријатот за трговија, Макеоднија да биде изземена од статусот трета земја за да се овозможи слободен пристап до европските пазари.

Владата уверува дека квотите за ограничен извоз е процес кој не е завршен и дека сеуште има простор  за да се избори за поповолна состојба. Наспроти очекувањата на стопанствениците новата ситуација да го намали учеството на преработувачката индустрија во БДП  од 5,7 на 3 % мин за Финансии Тевдовски е оптимист, вели дека ограничениот извоз на челик нема да се одрази на економијата и на планираниот економски раст.

Виолета З Стојановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ