Штрајк на борничарите и хигиеничарките од психијатрската болница во Демир Хисар

Болничари и хигиеничари од психијатрската болница во Демир Хисар, ангажирани со договор за дело, од денеска стапија во штрајк со барање да им се реши статусот. Велат дека се ангажирани во оваа здравствена установа  без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Договорите им се до 1  јануари, но нема да се варата на работните места  доколку не добијат решение за вработување.

  • Дали може психијатрскиа болница да опастане без хигиеничар и без болничар? Ние не сме против вработување на медициски кадар и лекари, но што станува со нашето вработување, вели Натка  Велкова, хигиеничар  во психијатрсиката болница во Демир Хисар.

Дел од нив се ангажирнаи пред една година, а некои работат по  6 години.  Во повќе наврати добивале ветувања дека ќе им се реши статусот.

  • Ни ветуваа, не е ништо исполнето од тие барања. Како волонтер идам 3 години, а преку Агенција скоро 6 години, рече Сотир Талевски, хигиеничар
  • Колегата работеше повеќе години, беше повреден, јас  исто така имав повреда на раката, ама немаме ни здравсвено ни пензиско, одиме на диво. Бараме да ни се реши статусот, а ние ќе си ја работиме нашата рбота, рече Злате Настевски, хигиеничар.

Директорката на психијатриската болница Демир Хисар, во телефонска изјава за Телма рече дека денеска  во  Министерсвото за здравство, повторно се бара решение  за статусот на овие луѓе. Станува збор за 30 лица немедицински персонал,   ангажирани  со договор на дело за кои најправо мора да се усогласат актите  за да можат да бидат вработни на неопределено време.  Овие луѓе и се потребни на психијатриската болница и   следната година ќе се бара начин да добијат согласности за нивно вработување, велат од психијатрсиката болница.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ