Прва виза за Антикорупцискиот закон

Новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси беше пуштен на второ читање само со гласовите на владеачките партии. Опозицијата го смета за еден од најлошите предлог закони во последно време. Велат дека Антикорупциската комисија ќе се претвори во истражен орган со концентрирана моќ и дека веќе се знае кој треба да стане нејзин член.

СДСМ  уверува дека се отвара врата за јавен и транспарентен избор на новиот состав на Комисијата.

Илија Димовски уште еднаш побара да се избере Антикорупциска комисија според стариот закон, оти по новиот ќе помине уште цел месец.

Антикорупциската комисија не функционира девет месеци. Во март, пет од седумте члена поднесоа оставки заради сомневања во лажирани патни сметки и други малверзации, на кои укажуваше ревизорскиот извештај. На огласот за нивна замена се пријавија 39 кандидати, но избор не е извршен, во очекување на новиот антикорупциски закон.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ