Нови „бомби“ во „Титаник“ на СЈО како се договарале партиите во ДИК

Никола Груевски и Никола Тодоров го информираат новинарот Драган Павловиќ Латас како тече договарањето во Државната изборна комисија. За приговорите во Струмица и Кичево се одлучувало со спогодба меѓу тогашни членови на ДИК, а сега обвинети за предметот „Титатаник“ за изборни нерегуларности во 2013-та на тогашните локални избори.

Поднесени се жалби за Кичево, само да ни помине гласањето во ДИК за Струмица. Точно во овој момент гласаат и ќе си гласаат воздржано. Ќе има ново гласање и нова шанса“, вели Груевски во телефонскиот разговор.

Телефонот на Латас одново ѕвони, на линија е поранешениот министер за здравство Никола Тодоров кој му кажува дека се усвоени приговорите, СДМС е надгласан во ДИК, и ќе се прегласува, а партијата ВМРО-ДПМНЕ очекува да победи по прегласувањето. Договорот бил членовите на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ во ДИК да ги надгласаат членовите на СДСМ и ДУИ, се слушна во осумте аудио „бомби’’ презнетирани од СЈО.

„Друже Лаки…”, “Пала је Струмуца?”, “Ова е туш. ДУИ и СДСМ гласаа против нас, а ние и ДПА гласавме за нас. Готово. Штама. Има уште 2 приговори”, му кажува Тодоров на Латас на 29 март 2013 година.

Никола Тодоров му дава насоки на Латас што треба да прашаат новинарите и како да се информира следниот ден во вестите. Одлуките по приговорите беа причина незаконски да се прегласува на избирачки места, а во овој случај на СЈО на обвинителна клупа седнаа лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и ексчленовите на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ