
Фондот ветува порамномерно распределување на квотите на лекови
Здравствените власти во новата година со ново ветување. Порамномерно ќе ги распределуваат квотите на лекови за пациентите да можат да ги набавуваат во текот на целиот месец и да не шетаат од една до друга аптека.
Од Фондот за здравство признаа дека досега се вршела нерамноправна распределба. Посочија дека еден ланец добивал и за 40% поголема месечна квота од просечната бројка која се распределувала на другите. Не открија за кого станува збор.
Сепак, властите стравуваат дека новата прераспределба на квотите за лекови може да ги погоди некои од пофреквентните аптеки.
Освен рамноправна прераспределба на лековите, властите планираат да ги субвенционираат аптеките од помалите села за тие да опстојат.
Дополнително, државата ќе ќе го зголеми буџетот за лекови. Ќе бидат одвоени 2 милиони евра повеќе за лекови на товар на Фондот.
Досега само во првата недела од месецот можеше да се набави лек на рецепт, а пациентите беа приморани приватно да ги плаќаат лековите препишани од нивните матични лекари.
Петар Догов