Пратенички привилегии на државни јасли

Со активирање на старата идеја за обезбедено работно место во државната администрација по крајот на мандатот, пратениците покажуваат дека повеќе се грижат за сопствените лични интерси отколку за општото добро, сметаат соговорниците на Телма. Идејата се појави вчера, а критиките дојдоа веднаш затоа што за да станеш пратеник нема услови освен да си во партија и полнолетен, додека за да работиш во администрација мора да бидеш и образуван и стручен.

Низ маглата која го обиколи Собранието, се протна една идеја, од пратениците за пратениците. Откако ќе им заврши мандатот да се вработат во државна администрација. Оние што ги гледаат пратениците што работат- имаат друга порака наместо нова привилегија да се фатат со нивната надзорна улога врз извршната власт и да бидат активни во реформите.

Tаквото решение кое по третпат како идеја се појавува меѓу пратениците е спротивно на сите уставни начела за еднаквост. Поранешните народни избраници добиваат огромна предност во однос на оние што се стручни за раководни позиции во администрацијатате.

Друг проблем е и како ќе се распределат пратениците на кои позиции, раководни или почетнички врз основа на образованието.

Идејата е спротивна и на концептот за реформа на администрацијата, која треба да биде професионална, стручна и натпартиска. Иако речиси сите пратеници се про-ЕУ, во Европа нема држава каде пратениците добиваат загарантирано работно место по крајот на мандатот и тоа во државна администрација.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ