
Ученичка иновација- венцијанер ролетни, кои сонечвата енергија ја трансформираат во светлинска
Смарт или паметни венцијанер ролетни, кои сонечвата енергија ја трансформираат во светлинска за осветлување на простории, е иновација на тројца ученици од основното училиште „Даме Груев“ од Битола и нивниот ментор, наставничката по физика Валентна Степановска Андонва. Овие паметни венецијнерки со соодвети прикучлочоци ќе можат да се користат и за напојување на мали електрични апарати-телефони, таблети и друго.
-Од надворешната страна на обичните венецијанки се ставаат соларни келии, понатаму тие соларни ќелии ќе ја акумилираат сончевата енергија, која преку соларните батерии ќе ја трансформираат во електрична енергија, а преку лед лентите ќе се претвора во светлинска енергија, вели Валентина Степановска Андонова, наставник по физика во ОУ „Даме Груев“-Битола
Тројцата основци, Андреј Јовановски , Христијан Николовски и Михаил Јанакиевски, оваа уникатна идеја ја понудија на на повикот поддржан од Министерството за образование, Фондот за иновации, Сит хаб и УНИЦЕФ. Избрани се меѓу десете најсупешни и најмлади тимови во државата, меѓу стотина апликанти. Велат биле водени од идејата како да се заштеди електрична енергија и да се искористи бесплатната сончева енергија.
-Баравме начин да бидеме пријтелски расположени со животната средина и некако да заштедиме струја, вели Андреј Јовановски, ученик во 9-то одд.
-Планот го правевме недела и половина за да видиме како ќе работи целиот проект, Христијан Николовски, уеник во 9-то одд.
-Беше напорно на почетокот, но потоа беше се полесно и се поинтересно, рече Михаил Јанакиевски, ученик во 8 одд.
Доградбата на една венецијанер ролетна би чинела околу 200 евра, а според пресметките на тимот млади иноватори, преку заштеда во електрична енергија, инвестиција би се исплатила за една година.
-На осветлувањето во нашите сметки за потрошена електрична енергија отпаѓа околу 10 до 15 проценти, така што сметам дека многу би заштедие во секој случај, вели Степановска-Андонова.
Учениците и нивната наставничка сами го финансираат прокетот. За комплетна завршница очекуваат делови од странство, кои не се произведуваат кај нас. Се надеваат дека поединци или компании ќе се заинтересираат за оваа иновација, a производот ќе можат да го пласираат на пазарот.
Емилија Мисирлиевски