
Тетовци на протест против „порокот коцкање“
Борбата против коцкањето ги обедини тетовци од сите верски и етнички заедници. Преку протест, од градскиот плоштад побараа од властите поголема контрола при отворањето и работата на кладилниците и казината, во пресрет на донесувањето на новиот закон за игри на среќа.
Во Тетово нема мало каде нема отворено кладилница или казино. Се отвораат и покрај јавни објекти како училишта и цркви и џамии. Од движењето Анти – коцкање, велат дека во Тетово не се почитува и постојниот закон за игри на среќа, затоа и сопствениците на ваквите објекти земаат слобода и работат нелегално.
Пред присутните се обратија преставници на двете најголеми веркси заедници. Побараа и градските и централните власти да го спречат како што рекоа, „порокот коцкање“, кој ја уништува младината.
Подршка на протестот даде и градоначалничката на Тетово Теута Арифи. За поголема контрола, таа побара општините да имаат поголеми овластување околу работата на објектите каде се приредуваат игрите на среќа.
Новиот закон за игри на среќа се очекува да биде донесен наредниот месец.
Зоран Димовски