
УПОЗ со кривична за Караџовски заради додатоците за плата
35 проценти на платата може скапо да го чини Судскиот совет. Синдикатот најави кривична пријава за претседателот на советот Зоран Караџовски, а Обвинителството отвори предмет по допрен глас.
„Обвинителството ќе ја испитува основаноста на донесените одлуки за исплата на додатоци на плата за членовите на Судскиот совет и извршената исплата. Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Р. Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет“.
Скандалозна и незаконска е одлука на Судскиот буџетски совет за ретроактивна исплата на додатоци на плата за септември и октомври, велат од Синдикатот на УПОЗ. Во понеделник ќе поднесат кривична пријава против Караџовски за злоупотребил службената положба.
Од синдикатот прашуваат дали едногласно била донесена ваквата одлука во Судскиот буџетски совет по принципот сложни калуѓери и во петок мрсат или некои гласале и против?
Огромен е револтот на судската администрација која долго време бара покачување на платите и не исклууваат штрајк, велат од УПОЗ. Синдикатот и Здружението на судска администрација велат дека не се против исплатата на додатоци на плата за судиите бидејќи тоа им следува законски, но не се согласуваат со одлуката за ректроактивна исплата.
Претседателот на судскиот совет Караџовски не одговори не телефонските повици на Телма за да даде коментар на обвинувањата.
Вчера и министерката за правда Десковска рече дека е скандалозна одлуката на Судскиот буџетски совет. Додатоците на плата во висина од околу 21 илјада била донесени врз основа на правилник од 2016 година.
Елена Ивановска Мукоска