Судскиот совет си поделиле по 21 илјада денари од човек за септември и октомври

Скандалозна и незаконска е одлуката на судскиот совет да си подели додатоци на плата во висина од 21 илјада, тврди министерката за правда Рената Десковска. На 3-ти месецов Судскиот совет и неговите челнови се повикале на правилник донесен во 2016-тата и одлучиле да си исплатат додаток од 35 проценти, ретроактивно за месец октомври и септември.

Судскиот совет ја брануваше јавноста кога донесе одлука овој додаток да го исплати и за месец ноември, но тогаш според законската можност од законот за  на сите судии во земјата. Најжестоко реагираа судските службеници кои не можат да го добијат овој надоместок.

Оттука, Десковска вели дека не сака да поверува дека со ова однесување на членовите на судксиот совет намерно се предизвикува револт кај службениците во судовите да излезат на протест и да ја блокираат работата.

Првата опомена за протест дојде од синдикатот УПОЗ на судските службеници кои побараа покачување на платите, измени во законот за судска служба со кои и тие ќе можат да добиваат додаток на платата до 35 %. Сепак, и покрај големиот број укажувања за оваа законска можност да се тргне во законот за судовите којашто дискриминира, Десковска однови ги најави најновите измени, а таа опција останува. Се менува начинот за избор и менување ,а се олеснува постапката за разрешување на судија.

Од судската служба реагираат за одлуаката на Судски совет, но дали ќе се одлучат за протест ќе почекаат во координација со синдикатот. Инаку, 35 отсто покачување судскиот совет си го доделил заради доверливост, односно чување на тајни со кои рапсолагаат во работата и заради значењето и углкедот на неговата функција со правилник кои се повикува на Законот за судски совет и Законот за платите на членовите на судскиот совет.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ