
Правен коментар за Законот за кривична постапка
Универзитетски професори судии, обвинители и адвокати ги изнесуваат своите забелешки и ставови за Законот за кривична постапка во правен коментар кој беше денеска презентиран пред стручната јавност. Мисијата на ОБСЕ заедно со правниот факултет “Јустинијан први” го подготвувале последниве три години и се надеваат дека правниот коментар ќе помогне за тоа правото да се применува на подобар начин.