Напнатост на судењето за „27 април“

Судењето за 27 април утринава почна во напната атмосфера, откако во судницата го донесоа Игор Југ, кој почна да им вика на обвинетите.

Судњето треба да продолжи со изнесување дополнителни докази на дел од обвинетите. На минатото рочиште дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа.

На денешното рочиште треба да бидат изведени околу 115 аудио разговори и 20 фотографии предложени од Нинџа, со кои вели целосно ќе го поткрепи исказот даден пред судот. Доколку постојат овие снимки веднаш треба да бидат доставени до судот. Изведувањето на доказите од Чавков, Лазаров и Пепиќ зависи од тоа дали ќе биде дозволена нивна декласификација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ