
Арнаудов: Изјава давам за 50 евра само (видео)
Пратениците, обвинети за упадот во собранието на 27-ми април, не кажуваат дали ќе поднесат барање да бидат амнестирани со новиот закон, кој пред два дена самите си го изгласаа. Дел од обвинетите велат дека ќе се консултираат со своите адвокати, другите не сакаа да коментираат, за разлика од пратеникот Љубен Арнаудов, кој за да ја каже својата одлука утринава пред влезот на кривичниот суд рече дека тоа ќе го стори само ако му дадат 50 евра.