Свиркачите Лазаревски и Костовски вратени на работа во МВР

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. За професионалците секогаш ќе има место во МВР, напиша министерот за внатрешни Оливер Спасовски утринава на својот ФБ профил.

За да бидат вратени на работа, државните службеници и поранешни вработени во УБК, кои ги открија тајните прислушувања во периодот на премиерот Никола Груевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, апелираа невладините организации, кои укажуваа на тоа дека  храброто откривање на Лазаревски и Костовски, доведоа до оставка на премиерот Никола Груевски во 2016 година. Бараа веднаш да бидат вратени на работните позиции во државниот сектор, бидејќи, како што наведуваа организациите, ги изгубиле како одмаздување за нивното дело.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ