Полицијата уште не знае како исчезнал Пино, мајка му тврди дека не избегал од дома

Исчезнал пред 9 дена, а полицијата се уште не знае каде е. 26 годишниот Пинета Секондо, последен пат бил виден на 10 декември вечерта во 22 часот. Последна го видела негова долгогодишна другарка.

Биле надвор и разговарале петнаесетина минути, по што тој си заминал за да се одмори бидејќи утредента бил на работа.

Од тогаш на момчето му се губи секоја трага. Неговата мајка Маја Трпковска преку фејсбук ги обвини институциите дека не се ажурни во работата. Тврди дека тој не избегал од дома.

„Ве молам помогнете ми вие луѓе. Да го најдеме синчето мое. Не е избеган од дома, нема зошто да бега.“

Министерството за внатрешни работи веќе недела дена истражува, но не може да открие што се случило со момчето.

Полицијата иако знае каде тој последен пат бил виден и го знаат регистрацискиот број на автомобилот со кој се возел вечерта, сепак не може да го лоцира.

На веб-страницата на Министерството за внатрешни, вкупно 62 лица се запишани како исчезнати.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ