
Експресно изгласани два уставни амандмани
За неполни четири часа пратениците од Комисијата за уставни прашања ги изгласаа првиот и вториот амандман на Уставот, предложени од Владата.
Осум пратеници гласаа „за“, двајца беа воздржани, против немаше.
За дискусија и за двата амандмани се јавија по 5 пратеници, претежно од албанските партии кои се најзагрижени за делот кој се однесува на државјанството, а гласи дека државјанството ќе биде македонско/државјанин на Република Северна Македонија.
Бараат во тој дел да се потенцира и етничката припадност.
Попладневно се очекува да бидат изгласани и другите два амандмани.