40 дена без резултат и одговорност за бегството на Груевски

Иако поминаа 40 дена, а веќе и Свети Никола, одговорност и вистината за бегството на Никола Груевски – нема. Министерот за внатрешни работи и натаму скржав на зборови. За неговата одговорност која му ја понудил на премиерот Зоран Заев по бегството, како што неколку недели подоцна објаснуваше самиот Заев во интервју, има краток одговор.

За детали од истрагата за бегството дава друга адреса за одговори, во јавното обвинителство за организиран криминал. Како што веќе КОД на Телма објави, Груевски незабележан од никого ја напуштил својата зграда на Павел Шатев, во петокот на 9-ти ноември рано наутро, и потоа 44 часа бил на територија на Македонија во близина на Дебар, и ја преминал границата кон Албанија. Министерот вели многу верзии се во игра.

Според информации на Телма, истрагата досега не утврдила како и кога точно Груевски го напуштил својот дом, ниту пак има прецизни информации како ја напуштил државата. Најспоро оди проверката на снимките од камерите за Безбеден град, припадници на МВР по наредба од обвинителството ги гледаат сите и во подолг временски период и засега не известиле за поголемо откритие поврзано со бегството на Никола Груевски.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ