Свети Николе бара дислоцирање на регионалната депонија

Владата се уште нема одлучено дали ќе се прифати или одбие барањето на општина Свети Николе за промена на локацијата за изградба на регионална депонија за источниот и североисточен регион. Локалната власт бара наместо кај селото Мечкуевци депонијата со европски пари да се гради кај Богословец. Градоначалникот Сашо Велковски истиот став го искажа и на правта седница на меѓуопштинското тело за изградба на регионална депонија.

Наспроти барањата на општина Свети Николе од Центарот за развој на Источно планскиот регион се на став дека барањето на нова локација ќе значи и фрлени 850.000 евра, средства кои се искористени од европските фондови за техничката документација. Од меѓуопштинското тело забележуваат дека продолжуваат со проектот.

18-те општини од истокот и северот  треба да формираат  заедничко јавно претпријатие по што ќе следат  тендери за набавка на нови камиони и контејнери. Но оваа фаза ќе се реализира само ако се најдат решенија за Свети Николе. Проектов за  депонијата е  почнат  уште во 2009-та година. Во стратегијата за оценка на животната средина готова лани пишува дека локацијата кај Мечкуевци и нејзината поширока околина се слободни пасишта и не се користат за земјоделие, а нема ниту населби во радиус од 2 километри.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ