
Могерини ги повика на неформален состанок партнерите од Западен Балкан
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини пред за утре ги повика партнерите од Западен Балкан на неформален состанок во Брисел.
„Дојче веле“ јавува дека тројцата претседатели и премиерите ќе разговараат за постигнатиот напредок и новонастанатите проблеми. Освен Заев, покани добиле српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Мило Џукановиќ, косовскиот претседател Хашим Тачи, претседавачот на советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и албанскиот премиер, Еди Рама.
Иако во ЕУ велат дека таков формат не е ништо невообичаено, упадливо е тоа што на состанокот се повикани претседателите, а не премиерите на Србија, Косово и Црна Гора.
За ЕУ, претседателот на Косово, Хашим Тачи е легитимен, но и пожелен претставник на Косово во дијалогот. За разлика од непопустливиот Харадинај, Брисел во Тачи гледа некој со кој може да преговара.