Гостинот во Будимпешта опиша што прави Груевски таму

Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често. Вака, ја опиша средбата со него Александар Трајковски кој беше уловен на фотографија во Будимпешта. Целта на патувањето во Унгарија на Трајковски не била да се сретне со Груевски туку да најде лек за проблемите со дишењето.

„Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови“, изјави Трајковски.

Трајковски зборуваше отворено со новинарите, ги избегна камерите бидејќи бил вознемирен и останал без сон цела недела по пишувањата во медиумите. За сите одговори што прави Груевски во Будимпешта рече да му напишеме порака на социјалните мрежи, бидејќи тој постојано е активен. Трајковски на прашање зашто одел за синусите во Будимпешта кога и таму е ладно, на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи и одовори дека тој е слободен човек. Дали ќе остане без мерки во случајот за „Шлаканиците ов општина Центар“, СЈО ќе одлучува откако ќе ги разгледа лекарските наоди на Трајковски. Во негова одбрана застана и адвокатот Боро Тасевски.

На изненадување на присутните, тројца адвокати го искористија рочиштето за да му соопштат на судот дека нема повеќе да го бранат обвинетиот Никола Груевски.

Груевски кому му се суди во отсуство си доби адвокат по службена должност. Наредното рочиште треба да се појави Петар Димовски и да застане зад Груевски. Дружењето со Груевски сега Трајквоски ќе треба да го објасни и во јавнотот обвинителство кое ги распитува сите повразни лица со неговото бегство, а во меѓувреме да го образложи и затвори боледувањето во Царинската управа кадешто е вработен. Оттаму најавија дека лекарска комсија треба да одлучи дали Трајковски погрешил во постапката, а потоа ќе ја соопштат одлуката дали ќе има или не казна за нивниот вработен.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ