
Над илјада деца годишно се обвинети, сведоци или жртви- адвокатите ќе се обучуваат како најдобро да ги заштитат
Околу 1000 деца годишно доагаат во допир со правосудниот систем, како обвинети, како сведоци или пак жртви на криминал. Според статистиките на правда во 2017, 1600 деца биле во полициска станица, 38 проценти од нив го искористиле правото на адвокат.
Токму поради неопходната заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот, денеска во владата, потшишаа меморандум за соработка министерката за правда Рената Десковска, Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ, претседателот на Адвокатска комора, Љубомир Михајловски и Лазар Нанев, од невладината Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.
Според Законот за правда на децата секој адвокат треба најмалку пет дена во текот на годината да следи специјализирана обука за правда за деца. Меморандумот за соработка предвидува специјализирани обуки за адвокатите што работат со деца во контакт со законот според претходно подготвена програма за теоретска и практична настава.