Кои се кандидатите за нови членови на Антокорупциската комисија?

Телма дознава дека 39 кандидати се пријавиле за седумте места во Антокорупциската комисија. Од препознатливите имиња се Александар Наков поранешен Јавен Обвинител од Штип, Маја Малахова претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, Злате Димовски професор од факултетот за безбедност во Скопје, Чедомир Дамјановски поранешен член на Комисијата за верификација на фактите, Ангеле Илиевски адвокат кој го бранеше Зоран Верушевски.

Голем дел од пријавените се вработени во јавната администрацина а по професија повеќето се правници или економисти. Во вторник заседава Комисјата за избори и именувања која ќе утврди предлог за составот на членови на Антокорупциската комисија. Потоа предлогот ќе биде доставен до Собранието.

Антокорупциката комисија веќе девет месеци не функционира бидејќи пет од вкупно седум членови си дадоа оставки поради аферата со патните трошоци, нереални сметки и ќирии за станови а беа откриени во ревизорски извештај кој го објавија медиумите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ