Тројца загинати и четворица патници од автобусот се борат за живот

68-годишен маж од Крушево, и жена на иста возраст од Кочани се двете жртви кои загинаа во стравичната сообраќајна несреќа на автопатот крај Лесковац, Србија. Трета жртва е жена, но сеуште се трага по нејзините официјални документи. Четири лица во животна опасност лекарите во Ниш одлучиле да ги задржат на хирушките клиники. 28 мажи, жени и деца закрепнуваат од набиениците, модринките и стерсот. Хоророт ги затекнал во сон, траел десетина секунди, а автобусот полн со патници се трескал од коловозот и околните насипи, велат во сведоштвата преживеаните патници за српските медиуми.

Спиев. Не знам како се случи. Само одеднаш слушнав како луѓе врескаат, и во тие секунди додека се будев автобусот веќе се преврете, изјави еден од повредените патници.

Четири пациенти се примени на хурургија, еден е опериран. Еден пацинет е примен на ортопедија, а 28 пациенти се под наш надзор со полесни повреди. Бидејќи не се со сериозни повредите за овие пациенти на кои се извршени синоќешните интервенции, очекувам состојбата да им се стабилизира, изјави Јовица Вучковиќ, началникот на Хирургија во Општата болница во Лесковац.

Ветрот го дувал снегот и дополнително се намалила видливоста. Брзата помош од Лесковац стасала ексрпесно, а зад нив пожарникарите. Кога конастатирале колку е сериозна несреќата, за прв пат активирале и специјално возило.

Телоп 1 Славољуб Живадиновиќ Директор на завод за Итна Помош – Ниш

Во акцијата за спасување вечерва за прв пат го употребивме новото возило марка „мерцедес“ кое поседува најсовремена медицинска опрема и веднаш во него го качивме најсериозно повредениот пациент, со повреди на черепот. Санитетот има погон на четири тркала и благодарејќи на него пристапивме на местото на несреќата, рече Славољуб Живадиновиќ, директор на Заводот за Итна помош во Ниш.

Никој не претпоставувал дека во 1 часот и 45 минути по полноќ од спротивен правец ќе претекнува автомобил со голема брзина. Барам така му раскажал еден од двајцата возачи на сопственикот на агенцијата.

Телоп 2 Џетон Иштрефи – сопственик на компанијата „Еуробус“

Се слушнав со возачот кој ми кажа дека коловозот бил лизгав, некој автомобил одненадеш се појавил од напред и тој изгубил контрола, само толку ми кажа. Во контакт сме постојано со луѓето во Србија. Испративме друг автобус да ги преземе патниците, друго не знам. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, ктегоричен е сопственикот на „Еуробус“ Џетон Иштрефи.

„Еуробус“ е струшка агенција која имала редовна линија за Виена. И синоќа требало да ги превеземе патниците до Австрија, а задачата требало да ја завршат двајца возачи. Патувањето започнало од Битола каде се качиле четворица патници, од кои двајца со карти во еден правец. Во Прилеп се качиле уште 11, но патувањето завршило пред Лесковац Србија. 14 од повредените патници се пуштени од болнциата во Ниш и можат да заминат дома. Македониај во Србија ги испрати министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ