Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски

Во 48 година од животот утрово ненадејно почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски. Неофицијално причина за смртта е масивен инфаркт на срцето и мозокот. Тој најпрвин бил примен во Интерното одделение во општата болница во Охрид, од каде итно бил упатен во  Заводот за кардиологија, но на пат за таму починал.

Опоштина Охрид на официјанта веб страна ја потврди веста за смртта на градоначалникот Стојаноски. За утре е закажана вонредна седница на Советот, кој се очекува да изгласа одлука за прогласување Ден на жалост во Охрид.

Јован Стојаноски беше професор по економски науки и доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Долги години предаваше на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, каде извесен период беше во деканската управа на установата.

Политички беше активен последната декада како член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013 – 2017.

Во октомври 2017 година Стојансоки беше избран за Градоначалник на Општина Охрид. Во нешто повеќе од една година минати на функцијата активно работеше на финансиска консолидација на најзодалжената општина во земјата.  Беше активен поддржувач на спортот и културата во градот.

Јован Стојаноски беше оженет и татко на две деца.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ