ДЗС : Намалени изведбите и посетеноста во театрите во сезоната 2017/2018

Во сезоната 2017/2018 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театари, во однос на сезоната 2016/2017, е намален за 13, 7 %, а бројот на посетители паднал за 2,2%. Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 210, утврдил ДЗС во извештајот. Од Театарот Комедија ја демантираат Статистика и бараат да се лиферуваат конкретни податоци .

Ние како национална установа имаме за изведби 17, 36 % зголемување, а за публика 24,25%. И би го замолил Државниот завод за статистика да излегува со конкретни резултати. Не да ги генерализира, вели в.д директорот на „Театар комедија“ Сашо Ристовски.

Во МНТ немаа увид за бројот на изведени претстави во сезоните 2016/2017 и 2017/2018, но признаваат дека се пократки за 4000 посетители во последната сезона.

Во сезоната 2016/2017 имало 113 000 посетители, а во сезоната 2017/2018 имало 73 000 посетители. 2016/2017 е сезона кога е направен долгот од 150 000 евра. Од нив, со 73 000 гледачи во 2018 година успеавме да вратиме 65 000 евра од долгот, вели директорката на МНТ Симона Угриновска.

Од Македонската филхармонија го демантираат  ДЗС, според кој, паднал бројот на посетители во оваа установа, во сезоната 2017/2018 во однос на 2016/2017 година.

За 2016 година, официјално се продадени вкупно 4872 билети. За 2017 се продадени 10 894 билети. И за половина сезона 2018 година, заклучно со 21.06.2018, се продадени вкупно 9474 билети, вели Виктор Илиески, директорот на Македонска филхармонија.

Според извештајот на Статистика, бројот на прикажани претстави во аматерските театари, во сезоната 2017/2018, во однос на 2016/2017, е намален за скоро 46 %, а посетеноста за 51%. Пораст е забележан во Театарот за деца и млади. Изведбите скокнале за 16%, а интересот на публиката за околу 28 %. Тоа важи и за ансамблот „ Танец“, стои во извештајот.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ