
Одложено рочиштето за убиството на Саздовски
Рочиштето за убиството на младиот Никола Саздовски се одложи. Судијата не ги повика двајцата обвинети за убиство, а ги извести присутните дека недостаува еден член на судечкиот совет. Адвокатот на смејството Саздовски Ванчо Шехтански го извести судот дека семјството поднело барање за отштета од 10 милиони денари. По извршеното вештачење на вешто лице, невропсихијатар, на петчленото семејство Саздовски кои живеат во семејна заедница поднесено е отштетно побарување од 5 милиони денари од првиобвинетиот и 5 милиони денари од второбвинетиот. Овие суми се согласно просечните износи досудени за нематеријална штета за смрт на блиско лице според Законот за облигации, објасни Шехтански пред судот и јавноста.