
Усвоен дополнетиот буџет за 2019
Дополнителниот Предлог-Буџет за 2019 година е усвоен на последната владина седница. Во него се опфатени амандманите кои власта ги прифати на расправата на Матичната собраниска комисија за финансирање и буџет. Со овие промени ќе има повеќе пари за програми и мерки за заштита на животната средина и борба со аерозагадувањето, изградба и реконструкции на локални патишта, а дополнителни средства ќе има и за некои министерства и за Универзитетот„ Свети Кирил и Методиј“.
Потоа дополнетиот буџет се враќа во Собрание, каде треба конечно да се усвои на пленарна седница. Идната година Владата планира да потроши 3,7 милијарди евра, а преку даноци и други давачки ќе себере 3,4 милијарди.