
Со воз до Бугарија од 2027 година
Со воз до Бугарија ќе патуваме дури во 2025 година но возот до Софија или Бургас ќе го чекаме уште дополнителни две години.Обврските од деценискиот проект за железничко позврзување, Македонија треба да ги заврши во наредните 7 години а Бугарија до 2027 година.ЕУ преку ЕБОР и даде на земјава грант од 68,6 мил евра со кои треба да почне изградбата на втората делница од железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка долга 34 километри.Работите на закочениот проект од коридорот 8 се очекува од јануари забрзано да се одвиваат, и да завршат за 4 години откако ќе се избере изведувачот на работите.
Првата фаза од делницата е закочена веќе две години поради нерешени експропријации а до крајот на годинава треба да се потпише анкес на договорот.Од МЖ Инфраструктура застојот го правдаа со погрешни вештачења и судски спорови, проблеми со археолошки наоѓалишта и грешки во проектирањето. Вкупната должина на пругата до Бугарската граница е 86 километри, проектот е почнат уште пред 25 години и се проценува на над 600 милиони евра Третата фаза од пругата до бугарската граница, долга 23 километри е најскапиот дел поради конфигурација на теренот.Од потребните 350 мил. евра досега с еобезбедени смао 60 .
- Кога овој проект ќе се заврши, граѓаните на Софија и Скопје ќе патуваат со воз но уште поважно што транспортот на стоки ќе стане поефтин, побрз и полесен,преку коридорот 8 двете држави ќе се поврзат, но за финализирање на проектот за железничко поврзување треба уште многу работа, изјави Самуел Жбогар, ЕУ амбасадор.
Коридорот 8 Македонија треба да ја поврзе и со Албанија со пруга од Кичево до Лин за чија изградба требна да се обезбедат 500 милиони евра.
Виолета Зајкова Стојановска