Вести Преку ноќ проработи рудникот Боров Дол
Рудникот Боров Дол доцнеше со стартот поради негативната кампања против рудници и недовербата на инвеститорите да вложуваат, вели директорот Николајчо Николов, кој вчера го означи почетокот на активностите на овој рудник. Според него и Бучим и Боров Дол се безбедни и граѓаните не треба да се грижат за своето здравје, а тоа го докажале одгледувајќи лозје на двесте метри до погонот за лужење.
Граѓанските организации пак, сметаат дека директорот на Бучим сака да прикаже паралелна реалност.
Низ полето на селото Дамјан треба да минува и трасата по која ќе се пренесува рудата до рудникот Бучим на преработка.
Рудникот Боров Дол треба да го продолжи економскиот век на Бучим за најмалку 10 години, а ако се пронајдат и нови наоѓалишта во близина и за повеќе.
Сузана Мицева



