За државата пензионерите се поважни од децата

За секои 10 денари потрошени на програми за деца биле потрошени 15 денари на програми за стари лица. Државните трошења за деца бележат тренд на намалување во споредба со трендот на пораст на економијата, како и во споредба со трошењата за други сегменти од населението, како што се старите лица. Ова го покажува истражувањето на Фајненс Тинк и Уницеф. Анализирани биле 3 области: образование, социјална заштита и здравство. Во 2018 -та, инвестициите во капитални прокти и во инфраструктура за образование за деца се само 3,8 проценти. И во здравството, истражувањето покажало дека порастот на трошењата не го следел темпото на порастот на економијата.  Кај трошењата за социјална заштита на децата речиси две третини од средствата биле наменети за надомест за социјална и детска заштита.

Претставникот на УНИЦЕФ за Македонија, Бенџамин Перкс вели дека загрижувачки е малиот процент од бруто домашниот производ кој се троши на програми за деца.

Препораките од оваа истражување заклучуваат дека Владата треба да ги зголеми јавните трошења за програми за деца, притоа, да се води сметка за развојната, наместо тековната компонента.

 

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ