
Груевски дојде за „ТНТ“, доби покана за „Тенк“
Стартуваше и предметот „ТНТ“, третиот предмет на СЈО во кој обвинет е експремиерот Никола Груевски. Тој се изјасни дека не се чувствува виновен за уривањето на Космос, а на паузата во судскиот хол му била врачена и поканата за 4-тиот предмет против него – „Тенк“ за мерцедесот од над половина милион евра, кој започнува следната недела. Како што дознава Телма, судски доставувач го искористил неговото присуство во судот и му ја врачил поканата со оглед на тоа што што на домашната адреса на неколку пати не можеле да го најдат.
Освен Груевски и екс министерт Миле Јанакиевски, поранешниот грдоначалник Тони Трајковски и уште 4-ца обвинети се изјаснија за невини. А во судницата беше присутен и сопственикот на Космос, Фиат Цановски кој очекува праведна пресуда и најави дека бара отштета за уривањето на објектот
Обвинителството во воедниот збор рече дека е сторено кривично дело од политичка одмазда и во детали објаснуваа обвинението според кое обвинетите Груевски и Јанкиевкси ги злоупотребиле институциите и барале што побрзо уривање на објектот со динамит.
Обвинетите Никола Груевски и Миле Јанакиевски ја искористиле политичката моќ, како премиер и министер незаконски го урнале станбениот објект Космос на нивниот политички противник Фиат Цановски, инвестиција од 30 милиони евра , само затоа што тој како претседател на ПЕИ ја напуштил коалицијата со ВМРО ДПМНе и склучил коалиција со СДСМ на изборите во јуни 2011, тврди Бурим Рустеми од СЈО.
Нема никаква политичка позадина, ќе докажеме дека градбата е надвор од градежните прописи е бесправни изградена поради што морала да биде урната, рекоа адвокатите оштетениот инвеститорот повеќе пати признал дека незконски градел и отстапил од одобрението за градба, посочи одбраната која на наредното рочиште ќе го дополни воведниот говор откако ќе ги добијат и снимките од прислушуваните разговори поврзани со овој предмет за што имаше и дебата во судницата.
Судијата Огнен Ставрев им дозволи на медиумите да направат инсерти во судница и покрај противењето на адвокатите кои пак реагираа за камерите поставени од судот кои ги нарекоа свадбарски, а не како што е предвидено во законот.
Елена Ивановска Мукоска