
Ториевците ја поддржаа Тереза Меј
Двесте пратеници на Конзервативната партија и изгласаа доверба на британската премиерка Тереза Меј, додека 117 гласаа против давање доверба на нејзиното раководење. Гласањето беше тајно, а на Меј и беше потребно просто мнозинство за да се задржи на чело на партијата, односно 159 од 317 гласови на конзервативците.
Откако Меј го преживеа гласањето, се огласи лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, кој рече дека британскиот парламент мора да ја врати контролата над процесот за Брегзит.
Резултатот од вечерашното гласање значи дека Тереза Меј ќе може да ја задржи позицијата на лидер во партијата и премиер, додека продолжува да ја води тешката борба за да го добие одобрувањето од парламентот за нејзнииот план за Брегзит.
Нејзината победа значи и дека колегите од Конзервативната партија нема да можат да ја предизвикаат на ново гласање за доверба во наредните 12 месеци.