Мицкоски: Фингирана дебата за уставните измени

Фингирана дебата со лица собрани ширум државата само за да им аплаудираат. Вака претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот протест ја критикуваше јавната расправа за уставните измени.Побара оставки за игнорирањето на резултатот од референдумот и спроведувањето на договорот од Преспа.

Мицкоски побара оставка и од министерот за внатрешни работи, а упати и многу критики за економијата, за политиката на владата кон лекарите, земјоделците, пензионерите и младите. Обвини дека владее  непотизам во сите сегменти, особено во судството.

Мицкоски го повика Заев на дуел, за да ги спротивстават аргументите.Најави дека ќе организира протести и понатаму, секоја среда во Скопје, а за викенди во другите градови.

Скопјани вечерва, пред почетокот на протестот, за момент ја пробија блокадата пред владата, очигледно изнервирани од секојдневното протестирање по улиците на градот.Но, з абрзо време, улицата пред владата повторно беше блокирана.

Далиборка Демјанска

https://youtu.be/JU_4S-nixTM

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ