
Антикорупциската комисија и ДИК да вршат истраги против корупција
Случаи на корупција на високо функционерско име, но болеста е позната.
И покрај тоа, конечни пресуди во високо профилирани случаи остануваат на лимитирано ниво, оцени евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Евро-амбасадорот преку својот говор на конференцијата до каде е стигната македонската борба против корупцијата даде јасни пораки, има промени, но треба ефикасност. Предложи уште две институции да добијат право да истражуваат сомнежи за корупција и за финансирање на политички партии. А во моментот Антикорупциска комисија не постои веќе 9 месеци, додека ДИК е со привремен состав.
Потребно е државната комисија за спречување на корупција повторно да почне со работа после месеци на неактивност. На комисијата и требаат јасни овластувања, ефикасни ресурси и потполна независност. Комисијата ќе има подобрување доколку има истражувачки капацитети, во спротивно ќе биде огрничена на заведување на податоци за конфликт на интереси. Можност за водење истраги треба да добие и ДИК и други агенции за спроведување на правда, вели Жбогар.
Законите се подготвуваат, добиле и позитивни критики од странските експерти, оцени министерката за правда Дескоска. Но и во тие промени не е предвидено Антикорупциска да добие овластувања да истражува самостојно корупција и конфликт на интереси, како што е пракса во некои од поновите членки на Унијата. Промената е направена при изборот на членовите, нема да смеат да бидат донатори на политички партии, ќе мора да бидат стручни, а не партиски предлози, а ќе мора и јавно да одговараат на прашања што во животот сработиле против корупцијата.
До тоа треба време, владата да ги усогласи, а пратениците да ги разгледаат новите закони. Дотогаш во Македонија ќе нема Антикорупциска комисија и институционална борба против корупцијата.
Миомир Серафиновиќ