
Кавга за прогресивниот данок, Тевдовски си замина од расправата по нападите од Димовски
Законот за прогресивниот данок ги скара власта и опозицијата на матичната собраниска комисија за буџет. Паднаа и обвинувања за аргоанција кон министерот Тевдовски кој мораше да оди на Влада и работата и ја препушти на заменичката Елези, но по инсистирањето на пшратеникот Димовски остана и од нога ги ислуша неговите аргументи. Критики и за владино левичарско фантазирање, но и контра – за паушални обвинувања и десничарска негрижа за сиромашните. За власта праведен данок кој ќе ги зафати само најбогатите, за опозицијата класичен политички фол, катастрофално решение кое нема да ја намали сиромаштијата туку ќе ги штрити богатите.
Вие како Влада сте неискрени кога велите дека ќе ги даночите богатите, богатстсвото не се мери само според формалните приходи, може некој да има формален приход од 20 илјади денар, а да вози џипови, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според податоци на УЈП кои се точни и недвосмислени, само 1 отсто од најбогатите гражани имаат просечен месечен приход од 4.300 евра, а останатите 99 отсто имаат просечна плата од 380 евра, додека 70 отсто имаат и пониска од таа плата, вели министерот за финансии Тевдовски.
Кавгата се случи откако министерот Тевдовски не прифати повеќе опозициски амандмани, меѓу кои и таков со кој се бара да се ослободат од даночење сите приходи што обврзникот ќе ги вложи во премии во приватното здравствено осигурување, така ќе се растоварело јавното здравство. Владата смета дека така многумина ќе побегнат од плаќањето данок.
Всушност, од 22 поднесени амандмани, власта прифати 8, но главно на нејзини пратеници, но и еден заеднички амандман на власта и на опозицијата за да не се оданочува приходот од трошоци за превоз и исхрана во делот на стипендиите. Се прифати и амандманот на власта даночното ослободување кај работодавачите кои ангажираат ученици и стиденти како практиканти да се зголеми од 6 на 8 илјади денари, за така да бидат помотивирани. Но беше одбиено опозициското барање да се ослободат од повисоката стапка сите приходи од трудот, и оние на земјоделците, туку да се даночат само оние од капитал и од закуп.
Да разјасниме што е богат, дали се тие што остваруваат доход од личен труд, без разлика дали се млади луѓе во ИТ секторот, дали млади менаџери во ТИРЗ зоните, праша Цуклев.
Законот за личен доход со кој се воведува прогресивното оданочување власта го носи по скратена постапка и планира да почне да се применува за стартот на идната година, а 25 милиони евра што треба да ги донесе се веќе вклучени за буџетот 2019. Пред неколку дена се одржа јавна расправа со експерти и невладини, а претставниците на бизнисот беа децидни дека се против овој данок и реформата треба да се одложи за барем 5 години.
Нина Нинеска-Фиданоска