
Владата има план против аерозагадувањето, но бара помош да го спроведе
Владата бара помош од странските институции како да ја спроведе две годишната стратегија за намалување на аерозагадувањето. Освен пари, од меѓународните донатори очекува и техничка помош, експертизи и позитивни искуства во справувањето со овој проблем. Признава дека 1,6 милиони евра од буџетот се недоволни, но очекува многу повеќе да дадат Шведска, САД или Јапонија.
Најбрзо до чист воздух според владата може да се дојде со замена на печките на нафта со конвертори,с о гасификација, засилени инспекции но и со закон со кој ќе се забрани употребата на јагленот за греење во домаќинствата. Експертите се сомневаат во ефектите од напишаното. Без воља и поставување на аерозагадувањето како приоритетен проблем, велат ќе се сведеме само на кукање се дури не дувне ветер.
На иста линија со експертите се и граѓаните. Велат уморни се од ветувања за почист воздух
Додека власта прави напори да стане видлива нејзината заложба да го намали аерозагадувањето, Скопје утринава беше на петата топ позиција на најзагадени градови во светот. Благодарение на дождот, Скопје напладне се најде на 65-то место, но само 3 часа подоцна воздухот го смести градот 20 места погоре на листата на најзагадени.
Виолета З. Стојановска
https://www.youtube.com/watch?v=UuKc1FGqVgE