Врховниот судија Киро Здравев влегува во Судскиот Совет- ја победи Лидија Неделкова за три гласа

Врховниот судија Киро Здравев е избран за новиот член на судски совет. Според информациите на Телма, на денешното гласање тој добил три гласа повеќе од контракандидатката Лидија Неделкова  експретседатлека на овој суд. Со оглед на тоа што Врховниот суд е најмалата изборна единица со само 19 судии со право на глас први ги пребројале резулататите. Излегле на гласање 17 судии. Од нив 9-мина гласале за Здравев а 6-мина за Неделкова. Имало и две невжечки ливчиња.

За член на судскиот совет од скопското апелационо подрачје избрана е судијката од Кривичниот суд, Гордана Спиревска,  позната по одлуката бизнисменот Кочан да оди во притвор.

Во 15 часот заврши гласањето на судиите за избор на 5 мина нови членови на судскиот совет. Се бројат резултатите и попладнево ќе се знае, освен Здравев и Спиревска, кого избраа судиите за да ги оценува унапредува санкционира или разрешува.

Конкурираа вкупно 18 кандидати на 5 различни изборни листи. За листата од немнозинските заедници се гласа во сите судови во државата. Во секое од трите апелациони подрачја гостиварско скопско и штипско од каде се бира член за судскиот совет, општото гласачко ливче има ралзични кандидат. Посебна изборна единица е Врховниот суд каде судиите.

Новите 5 мина членови влегуваат на местото на  поранешната претседатлека на советот на Александра Зафировска, која беше спомената и во последниот извештај на СЈО дека ја отворила вратата за полтиката во судскиот совет, потоа Мирјана Гоцевска Стефановска, Мери Дика Георгиевска, Јелица Крстевска и Влатко Самарџиски на кои месецов им истекува мандатот.

Судскиот совет со години е под силна критика дека не ја штити независноста на судството. Токму депрофесионализацијата беше замислена како една од клучните промени за реформа на ова највиоско судско тело но наделжните во последен момент се премислија со што стариот концепт со актуелните членови ќе продложи да фунцкионира и понатаму. Здружението на судии и невладините реагираа дека со ова се отстапува од стратегијата за реформа на правосудството.

Судскиот совет е составен од 15 членови двајца по функција министер за правда и претседател на Врховен суд, осум се судии избрани на непосредни избори, тројца ги бира Собранието , а двајца ги предлага Претседателот, а ги бира Собранието.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ