
„Фени“ ја достави шемата на прифатени и одбиени побарувања од доверители
Стечајниот управник на „Фени“ ја достави до Велешкиот суд шемата на прифатени и одбиени побарувања од доверителите.На листата од над 40 -тина доверители објавени се податоците за тоа колкав е вкупниот долг на комбинатот, чии побарувања се прифатени и признаени како и сумата на одбиените побарувања. Откако ваквата шема ќе биде доставена до доверителите, според процедурата, течат 8 дена за жалба на одлуката на стечајниот управник.
Инаку стечајната постапка беше пролонгирана за дополнителни 30 –тина дена поради жалбата што „Кунико“ ја поднесе против решението за стечај, а новото рочиште е закажано за 9 февруари . Се уште нема информација ниту по огласот кој беше објавен на 3 јануари, а со кој се бараше домашен или странски инвеститор кој фабриката ќе ја стави во погон. „Фени“ замина во стечај пред месец и половина досега само швајцарската фирма „Фос Асет Менаџмент“ се декларираше како сериозен инвеститор со депонирање на 3 милиони евра.