
Правдата е за жртвите, а не за виновниците
Амнестија не е правда, вакво мислење го застапуваа и учесниците на дебатата на Институтот за општествени науки кои се повикуваа на резултатите од анкетите во кои граѓаните во мнозинство се против амнестирање за крвавиот четврток. Најголемиот недостаток на амнестијата и помирувањето е што се договараат зад затворени врати. Амнестијата е поврзана со помирување, но помирувањето доаѓа од страна на жртвите и по комплетиран судски процес.
Токму за овие две теми странците односно меѓународната заедница е тивка. Проблемот е што ниту тие треба сегде да се мешаат ниту пак се семоќни, но мора да отворат простор за дебата наместо како што се случи во Пржино.
Сите присутни на дебатата за транзициска правда се сложија дека вакви одлуки за помирување и за амнестија треба да бидат донесени со учество на сите засегнати, а 27-ми април е настан со кој се погодени сите граѓани кои сега не се вклучени во процесот.
Миомир Серафиновиќ