Младите се зависни од интернетот и социјалните мрежи

Истражувањата на штипскиот Правен факултет покажуваат дека 93% од нив примарните информации ги добиваат од веб порталите и социјалните мрежи, а оваа бројка за 2 % е повисока кај студентите. За разлика од младите на кои мобилните телефони и компјутерите им се постојано отворени, македонските пензионери се верни на  телевизиите. Над  80% од оваа популација се информираат од вестите на телевизиските канали. Студентите на штипскиот Правен факултет на дебатата  ги спротиставија ставовите за позитивното и негативно влијание на социјалните мрежи.

Универзитетскиот професор Страшко Стојановски забележува дека интернетот и социјалните мрежи се дел од животот на младата популација, загрижува говорот на омраза за време на спортските натпревари меѓу земјите од регионот, но и кога има засилена  политичка мобилизација во земјава, односно избори или протести.

Говорот на омраза најмногу го има во делот на коментарите под текстовите на веб-порталите и на социјалните мрежи. Македонските закони предвидуваат санкции за оние кои го шират говорот на омраза, но праксата покажува дека не се применуваат.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ