Јавна расправа за данокот на личен доход

Даночната реформа е потребна но нема да ги даде очекуваните ефекти, рекоа економистите и претставниците на бизнис секторот на јавната дебата за најавеното воведување на прогресивниот данок. Компјутерџиите ќе ја напуштаат Македонија,ќе се намалуваат странските инвестиции, ќе расте сивата економија и неплаќањето даноци. Реформата велат стопанствениците треба да се одложи до влегување во ЕУ.

Не се натреваруваме со САД и Германија туку со Србија и Албанија кои имаат ниски даноци, ова ќе придонесе за даночно затајување и сива економија, вели Ветон Ќоку од Американската стопанска комора.

Дали на овој начин ќе го поттикнете стопанството, дали ќе има повеќе вработувања или ќе се намали сиромаштијата, вели Маријана Антиќ од „Масит“.

Експертите ја поддржуваат иницијативата да се премине од рамен на прогресивен данок, но сугерираат реформата да не сопре тука.

Ако се очекува праведност и еднаквост, тоа е преамбициозно, не може да се постигне. Со зафаќање од 1 % од населението и со ниска прогресија да не се очекува ефект, вели професорот Абдулменаф Беџети.

Ако владата тука запре и не ги опфати и другите даноци, работата ќе е половична, не може да остане надвор данокот на добивка, тврди поранешниот министер за финансии Никола Поповски.

За да не биде некоја заедница племе, мора да има организирано опшстество а тоа се плаќа. Затоа даноците не се товар, туку инвестиција во цивилизација. вели поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев.

Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 8% за делот од доходот што надминува 90.000 дененари месечно. За мнозинството граѓани даночната стапка останува иста, 10%.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ