
Поранешниот директор на УБК Атанасовски, кажа дека не знае каде бил на 27-ми април
Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК, е донесен од затворот Шутка во судот како сведок.
Ова го одобрила судијката Добрила Кацарска бидејќи и тој бил на листата сведоци предложени од одбраната на Василевски-Нинџа.
Tој одговараше на вкрстени прашање од одбраната, обвинителството и судот. Адвокатот Давидовиќ го праша дали бил во штабот на ВМРО – ДПМНЕ на 27 април, на што реагираше обвинителството и не беше дозволено да одговори, бидејќи информациите биле класифицирани.
- Не знам точно по саатница каде сум бил, моето обезбедување ќе ви каже, рече Атанасовски. Судијката Кацарска со чудење констатираше како директор на УБК на таков ден не знаел каде и кога точно бил.
Инаку Атанасовски од вчера е во притвор во Шутка за „крвавиот четврток“. Судењето за 27 април е се уште во тек, предходно своја одбрана даваше обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.
- „За заедничка Македонија“, беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80 отсто беа од ВМРО-ДПМНЕ кои ги даваше сите реквизити што се користеа. Сите водачи на протестите ги имам гледано во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кај Кирил Божиновски, рече обвинетиот Александар Василевски – Нинџа во својот исказ пред судот во врска со настаните во Собранието на 27 април минатата година.
Според Нинца, оперативните податоци до кои што тој дошол велеле дека организаторите на протестите биле исплаќани од ВМРО-ДПМНЕ. – Јас само ги видов во партијата со Кирил Божиносвки, но не можев да ги видам нивните џепови, рече Нинџа.
Кажа дека поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски кога се создал Фронтот за Македонија му дал налог да се сретне со Јане Ченто и Игор Југ. За Југ, како што посочи, требало да оцени дали неговото мислење е проруско.
А што се случуваше денеска во судот од јавувањето на Билјана Николовска во вестите на Телма во 15.30