Василевски-Нинџа: Упадот е смислен за да се сврти вниманието на јавноста од СЈО

Во текот на вкрстеното испрашување на обвинетиот Александар Василевски Нинџа судијката Добрила Кацарска го праша кој го осмислил сценариото за упадот во Собранието, на што тој одговори дека тоа смислено со цел да се одврати вниманието на јавноста од случаите на СЈО и да се сврти вниманието на јавноста.

Дали според него тогашниот министер за внатрешни работи контактирал со обвинетиот екс директор на БЈБ, Митко Чавков, праша Кацарска.

  • Јас можам да кажам само дека според мене Чавков беше целиот исплашен. Од кои причини самиот нека каже, но на неговото лице можеше да се види страв. А со кого разговарал, не знам – рече Нинџа.

Според него Чавков им давал насоки на началниците од МВР Митко Пешев и Ивица Вучевски пасивно да делуваат во Собранието.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ