
Кабелските оператори не сакаат да се стави крај на пиратеријата
Скандалозно заврши првата расправа по измените во правилникот од зкаонот за медиуми што ги предложи Македонската медиумска асоцијација. Во жестоката дискусија околу начинот на кој треба да се стави крај на пиратеријата и кршењето на авторските права, кабелските оператори се обидоа да се мешаат во уредувачката политика на националните телевизии,по што претставниците на ММА ја напуштија седницата
Претставниците на 5-те национални телевизии бараат секој што сака да реемитува програма на територијата на Македонија да си ги регулира и плати авторските права,да се засили контролата на АВМУ но и да се стават на увид правата за се што се емитува.
Кабелските оператори пак ваквиот предлог го нарекоа каубојски обид за решавање на пиратеријата.Убедени се дека проблемите со реемитување на странска програма во макеоднија без регулирани авторски права,треба да се решаваат по судски пат.
Посочувајки го примерот со неовластеното реемитување на бокс мечевите за кои Телма има купено авторски права, директорот на агенцијата Зоран Трајчевски,отворено ги праша операторите
Телма веќе поднесе кривична пријава против Оне Вип за повреда на авторски права а заедно со останатите членови на ММА најавија серија кривични пријави за секоја програма која се емитува во земајва без регулирани авторски права.
Виолета З. Стојановска