ЈО во улога на СЈО- ќе се испитува и содржината на сниманите разговори во јавното обвинитеслтво

Скопското обвинителство кое ја доби задачата да открие кој набавил телефонска централа и ги снимал разговорите на обвинителите открива дека ќе се преслушува и содржината на самите разговори. Обвинителите ќе чешлаат евентуално незаконско работење и други неправилности доколку постојат во самите разговори, потврдуваат извори од истрагата. Надлежното обвинителство вели дека во три обвинителства техничарите потврдиле дека се слушале разговори, а во одделението за организаран криминал треба да покаже вештачењето. И експертите со порака до истражителите дека поважно е истргата да даде резултати како работеле обвинителствата отколку кој и со која цел ја набавил опремата.

Обвинителствата, крвичниот суд во Скопје, а во низата државни витални институции со телефонска централа за снимање разговри ќе се впише и министерството за животна средина кое само договара набавувач и е подготвено преку јавна набавка да плати 1,7 милиони денари на фирма за иста таква опрема. Оттука се поставува и прашањето дали самите раководни лица и вработени знаеле дека се снимаат нивните разговори, прашува Тасева.

Снимањето разговори низ изминатите години во обвинителството ја откри државниот обвнител Љубомир Јовевски ,а понатаму продолжи самиот премиер Зоран Заев кој фрли сомнеж дека се слушале судии во кривичниот суд во Скопје. Со судски налог одземени се хард дисковите и зградата на ЈОРМ и од организиран криминал и ќе бидат вештачени.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ