
Столтенберг со надеж- Македонија да стане 30 земја-членка на Алијансата (видео)
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го отвори состанокот на министрите за надворешни работи на кој тема е Западен Балкан. На самиот почеток ја поздрави прогресот во Македонија, изразувајќи надеж дека ќе станеме 30 земја членка во алијансата, што според помошникот заменик државен секретар на САД, Метју Палмер, ќе се случи на почетокот од 2020 година. За напредокот на Македонија ќе говори високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.Sto